Нов масивен ракетен напад врз Украина, погодена критична инфраструктура

Од:

Утрово Русија изврши масовен ракетен напад врз Украина, соопштија украинските власти.

Експлозии се слушнаа во источниот град Харков, а локалните власти соопштија дека е погодена критична инфраструктура.

Официјални лица во црноморскиот регион Одеса, исто така, велат дека руските проектили ја погодиле критичната инфраструктура.

Ројтерс објави дека имало силни експлозии и во главниот град Киев, иако не е јасно дали се работи за противнапад на одбрана или проектили кои ја пробиле одбраната и ги погодиле наменетите цели. Засега нема информации за можни жртви, исто како што нема детали за инфраструктурата која беше зафатена.

Гувернерот на северниот регион Шуми соопшти дека дошло до прекин на електричната енергија поради денешните ракетни напади.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ