Нов канал наскоро ќе ги соедини Тихиот и Атлантскиот океан

Од:

Владата на Никарагва и кинеската компанија „ХКНД“, со седиште во Хонг Конг, чиј сопственик е милијардерот Ванг Јинг, потпишаа договор за изградба на канал, кој ќе ги соединува Тихиот и Атлантскиот океан

Каналот, за кој неговите иноватори тврдат дека не е конкуренција на Панамскиот канал, би требало да биде долг 278 километри, широк 230 до 520 метри и да има длабочина од 27,6 метри.

Се проценува дека новиот пловен пат, кој ќе се протега од реката Бридо на Пацификот, до реката Пунто Горда на Кариби, ќе чини околу 40 милијарди долари.

Лидерот на компанијата „ХКНД“, Ванг Јинг минатата година од претседателот на Никарагва, Даниел Ортега доби 50-годишна концесија, која освен изградбата на каналот, вклучува нафтовод и железница, која би ги соединувала двата океани, две пристаништа и два аеродроми.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио