Поранешен норвешки свештеник украл 15 милиони круни (1,9 милиони долари) од хуманитарна фондација и ги потрошил на проститутки во Шпанија.
Свештеникот Аре Бломхоф пред судот во градот Драмен, југоисточна Норвешка признал дека седум години крадел средства од фондацијата „Стифтелсен Батаниен“.
Аферата е обелодената во 2013 година. Бломхоф раководел со фондацијата и парите ги префрлал на сметки на негово име.
Фондацијата „Стифтелсен Батаниен“ има персонал од 500 луѓе и раководи со болница, центар за дневни грижи и училиште за медицински сестри во градот Берген, западна Норвешка.
Бломхоф признал дека со парите правел забави за повеќе луѓе, на кои присуствувале и проституки, кои ги плаќал од 1.300 до 1.700 долари по забава.