Норвешки „Еквинор“ и британски ССЕ градат најголем светски ветропарк во море

Од:

Норвешката компанија „Еквинор“ и британската ССЕ Рињуаблс заедно ќе го градат и експлоатираат најголемиот ветропарк во море покрај брегот на Велика Британија, инвестиција вредна девет милијарди фунти (10,2 милијарди евра) во период од 2020 до 2026 година, соопшти норвешката компанија.

Двете фирми победиле на тендерот за изградба на ветропаркот Догер банк во Северно Море, со вкупен капацитет од 3,6 гигавати, што одговора на потрошувачка на 4,5 милиони домаќинства, а претставува околу пет отсто од вкупното британско производство на струја. Проектот опфаќа три локации од по 1,2 гигавати.

– Треба да се градат колку е можно повеќе ветропаркови во море и со тоа се намалуваат нашите сметки, изјави Џон Совен, директор на Гринпис за велика Британија, повикувајќи ја британската Влада повеќе да се ангажира во изградба на такви објекти со цел да се соочи со итната ситуација околу климатските промени.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани