Норвешката Влада организира изложба на предмети кои му припаѓале на ултрадесниот екстремист Андерс Брејвик, кој пред четири години уби 77 луѓе во Осло и на островот Јутоја.
Адвокатот на семејствата на жртвите и на преживеаните од нападите, Џон Кристијан Елден ја критикува одлуката за одржување на изложбата.
Изложбата ќе биде отворена на 22 јули во владината зграда во Осло. Ќе бидат прикажани делови од автомобилот со експлозив, со кој Брејвик се втурна во зградата на Владата на 22 јули во 2011 година, при што загинаа осум луѓе. Потоа тој уби уште 69 лица на островот Утоја, од кои поголемиот број учесници на младинска конференција.
На изложбата ќе може да се виде и униформата и фалсификуваната лична карта со која Брејвик им се претставил на полицијата пред масакрот.
Брејвик е осуден на 21 година затвор, но казната може да биде продолжена ако се процени дека тој претставува опасност.
Претставникот на Зелените, Андерс Скируд Даниелсен посочи дека изложбата може да се претвори во место каде што ултрадесничарските екстремисти ќе величат масакрот на Брејвик.