Норвешката полиција денеска соопшти дека започнала истрага за кибер напад врз алуминиумскиот гигант „Хидро“.
Норвешката Национална служба за криминални истраги (НЦИС) соопшти дека нападот бил извршен со софтвер што досега не бил користен во Норвешка,
– Како и при сите други сериозни кривични дела, полицијата и сега ќе го истражи случајот со цел да ги пронајде сторителите, изјави претставникот на НЦИС, Кнут Јостен Сатнан, додавајќи дека истражните органи засега немаат информации кој стои зад нападот.
Норвешката компанија „Хидро“ соопшти дека вчера била цел на „интензивен“ кибер напад, поради што била принудена да премине од автоматско на мануелно производство и да изолира некои погони.
Според компанијата, се уште е рано да се утврдат финансиските последици од нападот, но засега нема индиции за позначајни загуби.
„Хидро“, која една третина е во сопственост на државата Норвешка, има свои погони и претставништва во 50-тина земји ширум светот и вработува околу 35.000 лица.