Норвешка затвора до крајот на неделата 15 свои амбасади во Африка и Блискиот Исток

Од:

Норвешка затвора до крајот на оваа недела 15 дипломатски претставништва, вклучително амбасадите во Алжир, Египет, Кенија, Мароко и Саудиска Арабија, соопшти синоќа претставник на Министерството за надворешни работи на кралството.

Во следните денови во амбасадите персоналот ќе врши само електронска кореспонденција и ќе одговара на телефонските повици како вообичаено, соопшти Министерството.

По Велика Британија, Германија и Франција, Норвешка исто така го следи примерот на САД, кои во неделата објавија дека времено ги затвора своите амбасади во Африка и Блискиот Исток поради потенцијална терористичка закана.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани