Истражувачи од норвешкиот Институт за судска медицина, во последниве 13 години за експерименти, искористиле органи од 1.000 починати лица, без да добијат согласност од нивните роднини.
Локалните медиуми наведуваат дека органите им припаѓаат на лица на возраст од 15 до 85 години, кои настрадале во несреќи, починале поради болести или поради труење.
-Ова е направено за да се изгради „Биобанка“ на органи, кои би се користеле за експериментирање. Податоците за потекло на органите се избришани, со цел резултатите да можат да се споредат со која било студија, работена на нормален примерок на населението- рече директорот на форензичкото одделение при норвешкиот Институт за јавно здравје, Бјорн Еген.
Во мај еден норвешки весник откри дека форензичарите од истиот институт искористиле мозоци и други органи од 700 новороденчиња, без согласност од родителите.
Е. Г.