Норвешка: Притворен мажот кој се закануваше дека ќе го нападне парламентот

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Норвешката полиција го притвори мажот кој се заканувал дека ќе го нападне парламентот со бомба, поради што улиците во центарот на Осло неколку часа беа затворени.

Заменик-началникот на норвешката полиција, Роџер Андресен не сакаше да го именува осомничениот, но наведе дека станува збор за Норвежанец со околу 20 години, кој и во минатото имал такви напади – пренесува „Франс прес“.

Според полицијата осомничениот преку мобилен телефон се заканувал на повеќе напади, меѓу кои и на парламентот.

Полицијата пронајде панцир отпорен на куршуми и гасни пиштоли, во станот на осомничениот – изјави Андресен, не изнесувајќи повеќе детали.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ