Во тунел, во Норвешка се запалил камион, а 55 лица кои што во моментот на несреќата биле таму се евакуирани и пренесени во болница, за да се провери нивната здравствена состојба.
Портпаролот на полицијата Јерн Ласе Рефсес изјави дека во болница се пренесени сите лица и дека се уште не е позната причината за пожарот, пренесе „Ројтерс“.
Тунелот Гудбанг кој што е долг 11, 4 километри е втор по должина во Норвешка и се смета за еден од најубавите градби, кои во текот на летната сезона привлекува туристи од целиот свет.
Елена Георгиевска