Норвешка нема да им дозволи бегалски статус на мигрантите кои влегуваат од Русија

Од:

Норвешките имиграциски власти престанаа да ги разгледуваат молбите за одобрување на азил на мигранти од Блискиот Исток и од Африка, кои пристигнале во Норвешка од Русија, поради претпоставката дека тие подолг период претстојувале таму.

Соодветна законска промена минатата недела била одобрена од Парламентот во Осло, и биле испратени инструкции до имиграциските властии и полицијата.

Инстукциите, во кои изричито се наведува дека новата мерка се однесува првично на кандидатите за азил, кои имаат руско државјанство, постојан претстој во Русија или визи за подолг период, стапуваат во сила утре.

Норвешките имиграциски власти наведуваат дека годинава приближно 5.000 кандидати за азил пристигнале во Норвешка по така наречената арктичка маршрута преку Москва, Мурманск и граничниот град Никел. Мигрантите во најголем број се од Авганистан, Ирак и Сирија.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ