Четири години по кавгата околу добитникот на Нобеловата награда за мир Лиу Сиаобо, односите на Норвешка со Кина и понатаму се толку лоши што Владата во Осло не се осмелува да назначи нов амбасадор во Пекинг, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Актуелниот норвешки амбасадор Свен Сетер е на оваа функција од 2007 година и според важечката практика досега требаше да биде сменет.
Но, според анонимни извори на кои се повикува норвешкиот весник „Дагенс нерингслив“, прашањето на амбасадорската смена е целосно блокирано.
Нови амбасадорски имиња секогаш треба да бидат признаени од земјата домаќин, при што се наведува дека Норвешка стравува оти официјален Пекинг е толку лут така што би кажал “не“ без оглед на личноста што Осло би ја предложил. Норвешкиот Нобелов комитет во 2010 година предизвика жестоки реакции во Кина со одлуката да му ја додели Нобеловата награда за мир на кинескиот режимски критичар Лиу Сиаобо.