Стотина млади политички активисти се собраа во летниот камп на островот Утоја, по првпат откако пред четири години десничарскиот екстремист Андер Брејвик на него уби 69 лица.
Еден од преживеаните Свер Аутаус, вели дека поминал низ многу лош период, кога ги изгубил блиските пријатели во стравичниот напад на 22 јули 2011, но вистинско време е таму да се врати со пријателите.
Над 1.000 млади се запишаа за викенд семинар на политичките и социјални активности, во организација на подмладокот на левичарската Лабуристичка партија, која е сопственик на островот.
На првото сослушување по апсењето, Брејвик призна дека извршил убиство на 77 цивили, нарекувајќи го своето дело „гнасно, но неопходно“, велејќи дека тоа што го сторил не е кривично дело и оти тој поради тоа не сноси кривична одговорност.
Тој за себе тврди дека е член на меѓународна антиисламска мрежа, која има две келии во Норвешка. Полицијата ја доведуваше во прашање веродостојноста на наводите на Брејвик.