Норвешка ќе се приклучи кон мисијата на ЕУ за спасување на имигрантите од Средоземното Море

Од:

Норвешка ќе се приклучи кон мисијата „Тритон“ на Европската унија за спасување на имигрантите во Средоземното Море од бродски несреќи.

Весникот „Дагблат“ пишува денеска дека Норвешка ќе испрати во Средоземното Море еден цивилен брод, кој од 1 август на една година ќе се вклучи во операцијата „Тритон“.

– Загрижени сме поради ситуацијата во Средоземното Море и затоа Норвешка ќе преземе дел од одговорноста за пружањето помош на лицата, кои се соочиле со несреќа, изјави норвешкиот премиер Ерна Сулберг.

– Трагедијата од пред неколку дена во која загинаа над 700 бегалци, повторно покажува во колку очајна положба се наоѓаат бгалците, кои сакаат да влезат во Европа, додаде премиерката на Норвешка, која не е членка на ЕУ.

Според информации на Обединетите нации лани во Средоземното Море загинале најмалку 3.5 илјади имигранти.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара пет милијарди евра од ЕУ

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Медиуми: Амбасадорите на ЕУ одобрија продолжување на санкциите против Русија

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Трамп: ЕУ воведе царина од 50 отсто за вискито, ние ќе им одговориме со 200 отсто царини

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз