Норвешката Влада наскоро се очекува да одобри проект за изградба на подводен електричен далновод од Норвешка до Велика Британија со вкупна должина од 700 километри, што би бил најдолгиот ваков електроенергетски систем во светот.
Како што објави „Фајненшл Тајмс“, вкупната инвестиција за изградба на овој подводен далновод, преку кој би се доставувала електрична енергија од норвешките хидроцентрали за британските потрошувачи, би чинела околу две милијарди евра.
Генералниот директор на норвешкиот оператор за електрична енергија „Статнет“, Ауке Лонт во изјава за британскиот весник вели дека очекува одлуката за изградба на овој далновод да биде донесена во текот на првите месеци од оваа година.
– Планирано е одлуката за инвестицијата да биде донесена во текот на птвриот квартал, изјави Лонт, додавајќи дека се надева оти далноводот би бил пуштен во функција до 2020 година.
Велика Британија веќа има подводни далеководни врски со Франција, Холандија и Ирска, потесетува „Фајненшл Тајмс“, додавајќи дека новиот проект би обезбедувал струја од обновливи извори за околу четири милиони британски домаќинства.
Се проценува дека струјата од норвешките електрани би можела да биде искористена за подобрување на снабдувањето со електрична енергија на државите кои имаат нестабилно енергетско производство од еолски и соларни централи.
„Статнет“ сега има подвони далноводи кои ја поврзуваат Норевшка со Данска и Холандија, а покрај проектот за поврзување со Велика Британија, планира воспставување на таква врска и со Германија.