Норвешка ќе ги продолжи мерките за гранична контрола до мај 2018 година

Од:

Норвешка ќе ја продолжи важноста на режимот на гранична контрола со другите земји од Шенгенската зона до мај 2018 година.

– Причината за тоа е постојаната закана од терористички напади, изјави синоќа норевшкиот министер за правда Пер-Вили Амундсен.

Продолжување на мерките за гранична контрола поради опасност од тероризам претходно најавија уште неколку европски земји.

– Норвешка, како и Германија, Франција, Австрија и Данска, е загрижена поради заканите од тероризам во Европа и факт е дека на територијата на Шенген зоната се уште има голем број мигранти чиј идентите не може да се утврди на веродостоен начин. Поради тоа ќе продолжиме да извршуваме контрола на границите во Шенгенската зона и по 11 ноември, посочи Амундсен.

Во мај Советот на Европската унија одобри контрола на границите на Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка во следните шест месеци, односно до ноември годинава.

Комисијата тогаш препорача до крајот на октомври да завршат контролите.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ