Норвешка го мина Абу Даби и во моментнов располага со најголем државен инвестициски фонд во светски рамки, покажуваат податоците што ги објави каналот Ал Арабија.
Скандинавските медиуми јавија дека норвешкиот нафтен фонд на крајот на октомври годинава имал вредност од 3.723 милијарди норвешки круни, вклучувајќи ја и добивката од 4,7 отсто во текот на третото годинашно тримесечје.
Државниот инвестициски фонд во Абу Даби се најде на втор место со вкупна вредност на крајот на октомври од 3.597 милијарди, пресметано во норвешката валута.