Норвешка им одаде почит на жртвите од нападот на Брејвик

Од:

Норвешка вчера одбележа три години од терористичкиот напад во младинскиот камп на левичарската Лабуристичка партија, на островот Утоја, во кој крајно десничарскиот фанатик Андерс Беринг Брејвик уби 77 лица.

-Насилниот екстремизам никогаш неможе да се прости-порача премиерката Ерна Солберг, полагајќи венци на споменикот на жртвите во нападот, пренесе „Асошиејтед прес“.

Триесет и петгодишниот Брејвик кој моментално се наоѓа на издржување на затворска казна од 21 година призна дека на 22-ри јули 2011 година убил осум лица во бомбашки напад на зградата на владата, како и уште 69 на островот Утоја.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Норвешка: Автобусот излетал од патот и завршил во вода, има мртви

НАТО оди чекор напред – се зајакнува границата со Русија на Арктикот

А1он

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ