Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главната лекарка на општината Трондхајм, Тове Рестад.
Норвешкиот таблоид Верденс Ганг денеска објави дека е откриена нова мутација на коронавирусот во Норвешка во Трондхајм на северот на земјата, цитирајќи ги локалните експерти.
„Во периодот од 16 до 18 октомври, во градот Трондхајм е забележан нов тип на вирус, досега нерегистриран од Министерството за здравство, кај осуммина локални жители,“ изјавила Рестад за весникот.
Таа додала дека не е познато какви својства има наводно мутираниот вирус, но наведува дека се чини оти тој полесно се пренесува и дека од случаите во Трондхајм може да се забележи дека луѓето можат да се заразат и без близок контакт со заразено лице.
Русија, сепак, не идентификувала ниту еден нов сој на коронавирус што би можел да биде суштински различен од оној што циркулира во други земји, објави надзорниот орган за заштита на потрошувачите Роспотребнадзор.