Ноќен напад врз Таганрог: Пожар во пристаништето по напад со беспилотни летала

Од:

Украински беспилотни летала го нападнаа руското пристаниште Таганрог, а пожар што избувна по нападот запали танкер, резервоар за гориво и административна зграда, изјави денес гувернерот на Ростовскиот регион, Јуриј Сљусар.

Според прелиминарните информации, нема жртви во нападот врз пристаништето, напиша рускиот гувернер на социјалната мрежа Макс.

Градоначалничката на Таганрог, Светлана Камбулова, објави дека пожарот во пристаништето е изгаснат.

Руските власти соопштија дека за време на ноќниот напад, беспилотни летала погодиле приватна куќа во Таганрог, при што биле повредени две лица.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина