„Њујорк тајмс“: Непалската бирократија обвинета за забавување на помошта за настраданите во земјотресот

Од:

Помошта за настраданите од земјотресот во Непал останува на аеродромот и во складиштата во Катманду поради бирократските процеудри на непалските влати, кои инсистираат на зачувување на стандардните царински проверки и други процедури, дури и во сегашната вонредна ситуација, пишува весникот „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на претставници на западните власти и хуманитарните организации.

– Забавувањето е последица на бавните бирократски процедури. Во процесот учествуваат голем број нивоа на власта, голем број различни оддели, голем број министерства. Ние не сакаме производите да стојат во складиштата в Катманду или на аеродромот. Тие ни се потребни во настраданите региони, изјави локалниот координатор на Обединетите нации Џејми Макглдрик.

Амбасадорот на САД во Непал Питер Боди изјави дека разговарал со непалскиот премиер Сушил Коирала за проблемот и оти од него добил уверување дека нема да има бирократски застој.

Претставници на хуманитарните организации и на западните власти изразуваат незадоволство од непалските власти, откако земјотрес со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала на 25 април го погоди Непал, при што загинаа над седум илјади лица.

Првите поплаки се однесуваат на тоа дека владата во пракса исчезнала и дури и високи фунционери признаваат дека тоа е главната критика, пишува весникот.

– Сите беа во паника, се беше затворено и сите се обидовме да си го спасиме животот. Некои критичари можат да кажат дека немаше добра координација во првите два дена, изјави генералниот секретар на владејачката партија Непалски конгрес, Пума Бахадур Кадка.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on