А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

„Њујорк тајмс“: Макрон би можел да го изгуби парламентот и да ја „фрли“ Франција во хаос

by А1он08/10/2025 - 13:43149
Share0

Оставката на францускиот премиер Себастијан Ле Корнуеј го стави претседателот Емануел Макрон во тешка позиција и го принуди да размисли за распуштање на парламентот, објавува „Њујорк тајмс“.

Добивај вести на вибер

Според весникот, доколку Ле Корнуеј не успее да ја заврши својата последна задача – преговори со политичките партии – Макрон ќе се соочи со неопходен потег: распишување нови избори. Се вели дека ова сценарио би можело да му даде поттик на крајнодесничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен, кој бележи пораст на поддршката во последните месеци.

Францускиот политички систем, потсетува изданието, функционира со децении со јасна рамнотежа на моќ во парламентот – или за или против претседателот. Денес, меѓутоа, Националното собрание е поделено помеѓу три блока: десничарски националисти, левичарски и крајнолеви сили и владејачките центристи чија лојалност кон Макрон сè повеќе слабее.

Авторите истакнуваат дека резултатот од овој политички хаос е тоа што во последните 21 месец, Франција смени не помалку од пет влади.

На 6 октомври, Елисејската палата потврди дека Лекорну поднел оставка, а претседателот Макрон ја прифатил. Неговиот мандат ќе остане запишан во историјата како најкраток во историјата на Петтата Република – траел помалку од еден месец.

Лекорну беше назначен за премиер на 9 септември откако парламентот изгласа недоверба на претходната влада на Франсоа Бајру поради непопуларниот пакет мерки за штедење што вклучуваше намалување на социјалните трошоци.

Ситуацијата дополнително ескалираше откако некои политички лидери, вклучувајќи ја и Марин Ле Пен, го повикаа Макрон самиот да поднесе оставка.

francijamakronvesnici

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 19:55

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Горан Наумовски27/03/2026 - 14:06

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски24/03/2026 - 07:2524/03/2026 - 07:25

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26

Макрон ги повика САД и Иран да се вразумат

Горан Наумовски19/03/2026 - 22:26

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто