„Њујорк тајмс“: Ким Џонг-ун се обидува да ги наруши односите меѓу САД и Јужна Кореја

Од:

Весникот „Њујорк тајмс“ оценува дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун со неговиот новогодишен говор и најавите дека ќе започнат со масовно производство на нуклеарно оружје и интерконтинентални ракети се обидува да иницира преговори со Сеул за да предизвика раздор меѓу Јужна Кореја и САД.

Ким се обидува да ги искористи тензиите во односите меѓу претседателите на САД и Јужна Кореја, Доналд Трамп и Мун Џае-ин, па повикува на преговори пред Олимписките игри.

Според весникот, односите меѓу САД и Јужна Кореја се влошиле поради различните ставови околу односот кон Пјонгјанг.

Либералот Мун сака економско и дипломатско отворање кон Северна Кореја, додека Трамп упорно се залага за засилен притисок врз Пјонгјанг и зајакнување на санкциите. Последниве месеци Мун ги налути Трамп и неговите советници со изјавата дека тој има право да стави вето на сите преветивни воени акции на САД против северникорејската нукеларна програма, наведува „Њујорк Тајмс“.

Ким досега целосно го игнорираше Мун и од страна на севернокорејските медиуми беше нарекуван „безрбетен потрчко на САД“. Меѓутоа сега следи промена на тонот и политиката за билатерални преговори, со што би се обиделе да ги продлабочат разликите меѓу Сеул и Вашингтон, пишува весникот.

„Њујорк Тајмс“ смета дека Пјонгјанг очекува оти САД нема да можат да вршат поголем притисок врз Северна Кореја, доколку не добијат согласност од нивните јужнокорејски сојузници.

– Таа партија гамбит може да даде резултати. Само неколку часа по обраќањето на Ким, кабинетот на Мун го поздрави предлогот на Пјонгјанг, што може да ги зголеми уште повеќе тензиите во односите со САД, заклучува весникот.

Според „Њујорк Тајмс“, сепак главно прашање е дали приодот на Ким ќе даде разултат, имајќи предвид дека Вашингтон и некои кругови во Сеул инсистираат прво на намалување на тензиите, па дури потоа на олеснување на санкциите.

– Мун се надева на пауза во нуклеарните тензии за време на Зимските олимписки игри и оти тоа по инерција ќе може да доведе до почеток на преговори со Северна Кореја, во кои подоцна би се вклучиле и САД, Кина и Русија. Но, токму тука несогласувањата меѓу Јужна Кореја и САД може да предизвикаат неуспех – бидејќи ореговорите би можеле да доведат до задржување на сегашниот статус кво, што Трамп веќе го оцени како неприфатливо, заклучува „Њујорк Тајмс“.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот