Вработени во рестораните за брза храна ширум Њујорк стапија во штрајк, поради ниските плати и забраната за синдикално организирање.
Како што пренесува „Асошиејтед прес“, се очекува во текот на неделава да им се приклучат колеги од другите американски градови. Во штрајкот се вклучени и вработените во McDonald’s, Burger King i Wendy’s,наведе „Асошиејтед прес“.
Стотици вработени ги напуштиле своите работни места, барајќи зголемување од 7,25 на 15 долари за час работно време и други погодности.
Елена Георгиевска