Њујорк полн со бездомници

Од:

Ал Џезира – Доха

На улиците на Њујорк живеат околу 60.000 луѓе и таа бројка постојано расте. Прифатилиштата се преполни, а некои политичари заговараат „чистење на градот‟.

Бездомниците тврдат дека се стигматизирани

Тие се на различна возраст и со различно етничко потекло. Сепак, сите се гладни и без покрив над главата. Бесплатниот оброк го добиваат во еден њујоршки парк.

Нарајан Рамос останал без работа минатата година.

– Сега сум бездомник. Различни луѓе доспеваат во оваа состојба на различни начини. Се борам, истакна Рамос.

Ниту еден од бездомниците со кои разговаравме не рече дека доброволно се нашол во оваа состојба. Велат дека едноставно немале каде да одат.

– Состојбата во Њујорк е посебно тешка, бидејќи просечна наемнина за на еднособен стан е околу 3.100 долари месечно. Дури и припадниците на средната класа имаат проблеми тоа да го платат. Тие кои ќе останат без работа, едноставно немаат друг излез, туку да отидат да живеат во паркот, вели Габриел Елизондо.

Краткорочно решение

На улиците има се повеќе бездомници. Краткорочно решение е градот да ги смести во прифатилишта. Бројот на луѓето во прифатилишта нагло би пораснал во следните четири години. Ни велат дека прифатилиштата се преполни и не се безбедни за живот, така луѓето повторно се враќаат на улица.

Но, тука се и негативните реакции.

Насловните страници на локалните таблоиди се полни со непријателски наслови кон феноменот за раст на бројот на бездомниците.

Поранешниот градоначалник на Њујорк вели дека тие луѓе треба да се третираат на следниот начин: „треба да се бркаат, бркаат, бркаат и бркаат“.

– Или ќе добијат третман кој го заслужуваат или треба да се истераат од градот, рече Руди Џулиани, поранешен градоначалник на Њујорк.

Борците за човекови права велат дека ваквите коментари само ја влошуваат состојбата.

– Да се омаловажуваат луѓе кои немаат друг избор од тој да спијат надвор под различни околности. Секој од некоја своја причина. Тоа не е решение за проблемот, заклучи Линдси Дејвис од Коалицијата за бездомници.

За тоа време, Нарајан Рамос вели дека бара работа. Сака да се тргне од улиците, но и кон него да се однесуваат човечки.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак