Нивото на тревога во Велика Британија на највисоко ниво, иден напад е неминовен

Од:

Нивото на тревога во Велика Британија е подигнато на највисоко ниво наречено „критично“. Ова ниво означува дека идни напади се неминовни, изјави премиерката Тереза Меј.

Подигнувањето на ниво на тревога доаѓа откако истражувачите на вчерашниот напад во Манечстер не можеле да откријат дали осомничениот бомбаш Салман Абеди дејствувал сам.

Воени лица биле испратени на сите поважни места низ државата.

Премиерката исто така потврди дека владата започнале со операција „Temperer“, план за итни ситуации да се испратат војници на сите клучни јавни локации за да ја поддржуваат вооружената полиција во заштита на јавноста.

Војници исто така ќе бидат распоредени на сите поважни настани во идните неколку недели и ќе работат под команда на полицијата, изјави премиерката.

Највисотко ниво на тревога претходно било активирано само два пати.

Првиот пат било во 2006. година за време на голема операција за запирање на план да се нападнат авиони, а следната година, нивото било подигнато откако полицијата спречила напад на ноќен клуб во Лондон, а потоа истите напаѓачи го нападнале аеродромот во Глазгов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски