Нигерискиот претседател одби размена на борци со киднапираните ученички

Од:

Нигерискиот претседател, Гудлак Џонатан ја исклучи можноста за размена на затворените борци од групата Боко Харам, со киднапираните ученички, пренесе „Франс прес“, повикувајќи се на информации од Марк Симондс, претставник од Британија, кој се наоѓа во Нигерија поради разговори околу меѓународна спасувачка мисија.

Лидерот на Боко Харам, Абубакар Шекау во понеделник преку видео запис го изнесе својот предлог за размена на киданпираните девојчиња со неговите уапсени соборци.

Нигерискиот министер за внатрешни работи, Аба Моро ја отфрли оваа можност, истакнувајќи дека Боко Харам не може да и диктира услови на неговата влада.

Во меѓувреме светските сили ги засилија напорите во потрага по 223 ученички, кои беа киднапирани на 14-ти април во градот Чибок, на североисток на Нигерија.

САД ангажираа невооружени беспилотни летала и извидувачки авиони со екипаж. Во потрага по киднапираните девојчиња се вклучени и Британија, Франција, Израел и Кина, но се стравува дека тие не се на исто место, туку дека некои од нив се префрлени во соседен Чад или Камерун.

За потсетување при акцијата на киднапирање, од училиштето беа грабнати 276 девојчиња, од кои 53 успеале да им побегнат на киднаперите, додека 223 се уште се во нивни раце.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи