Нигериската војска, соопшти дека како одговор на нападите на бунтовниците, во државата Борно, се убиени 20 лица.
-Војската организирала потера по терористите до нивните кампови, при што во престрелката се убиени 50 бунтовници, потврди локалниот воен портпарол Сагир Муса, пренесе „Франс прес“.
Припадниците на Боко Харам, вчера извршија напад на пазарот во Гаџиран и убија 15 лица, во државата Борно и уште пет во соседното село.
Жителите на Гарџиран изјавиле дека екстремистите на пазарот влегле облечени како трговци, по што отвориле оган, а потоа извршиле напад во другото село, наведуваат локалните медиуми.
Елена Георгиевска