На Уроко Оноја, богатиот Нигериец од градот Угбугбуа му е дозволено да има повеќе сопруги, поради своите пари и слава.
Но, сепак да имаш шест законски сопруги и не е секогаш некоја предност.
Враќајќи се дома околу три часот по полноќ тој се упатил во собата на својата најмлада сопруга. Тогаш овде упаднале останатите 5 и со ножеви и стапови му се заканувале дека ќе го убијат ако не им посвети внимание на сите, и ако не води љубов со секоја од нив.
Уроко се обиде да им ја исполни желбата на љубоморните сопруги и започнал по ред, од најмладата кон најстарата. Но по петтата сопруга му застанало срцето.
„Мојот сопруг одеднаш престана да дише. Другите жени се смееја во почетокот, но кога сфатија дека тој е мртов се разбегаа во шумата“ изјавила најмладата сопруга.
Нигериските власти потврдија дека две жени се веќе уапсени, а по останатите се трага.