Вооружени лица влегле во три села во централна Нигерија и убиле најмалку 48 лица, соопшти денес нигериската војска.
Жителите на селата Каркаши, Болганг и Магама како што се верува се нападнати поради освета за кражба на стока.
Нападот се случил во близина на централна Нигерија, околу градот Јоса, каде што често има меѓуетнички судири.
Елена Георгиевска