Нигериец се обидел да прошверцува 90.000 евра во стомакот

Од:

На аеродромот во Стразбур е уапсен Нигериец во чиј стомак се пронајдени девет кондоми во кои имало 79.000 евра.

Нигериецот, кој работел како мијач на садови во еден ресторан на шпанските Балеарски Острови, во својата торба носел и уште 13.000 швајцарски франци сокриени меѓу облеката, на кои куче трагач открило остатоци од марихуана.

По откриените франци, тој бил подложен на ренгенско снимање, при што полицијата во неговиот стомак ги открила деветте кондоми наполнети со пари.

Тој е обвинет за перење пари заработени од продажба на наркотици, како и за лажење на царинските власти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски