Во престолнината на Нигер изминатиот викенд се запалени 45 цркви за време на насилните протести поттикнати од објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен весник „Шарли ебдо“, соопшти денеска полицијата.
За време на протестите, во кои животот го загубија најмалку пет, а повредени се 128 луѓе, запалено е и едно христијанско училиште и сиропиталиште, изјави портпаролот на полицијата Адили Торо.
Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус ги осуди демонстрациите и насилството во Ниамеј, како и протестите во Зиндер, во кои покрај човечките жртви, исто така е запален францускиот културен центар и две цркви