Властите во Нигер уапсија 20 лекари осомничени за злопотреба на средства од фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.
Меѓу главните активности на фондацијата, формирана од основачот на компанијата „Мајкрософт“ и неговата сопруга во 2000 година се донации во износ од 750 милиони долари за финансирање на кампањи за вакцинација во сиромашните држави.
Борбата против корупцијата е меѓу приоритетите на на владата на Нигер, која дојде на власт во 2011 година. Минатата година претседателот Махамаду Исуфу разреши двајца министри, обвинети за нелегално доделување на државни набавки.
Истрагата за злоупотреба во фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ е поврзана со бесправното трошење на околу 1,5 милиони долари, доделени од фондацијата, од Светската банка, Светската здравствена организација, УНИЦЕФ, странски донатори и други организации. Апсењата се извршени за време на викендот.
Република Нигер, која е една од најсиромашните држави во светот со 17 милиони население, има вкупно 850 лекари, чија дејност се финансира од државата.