Нигер испраќа 750 војници да се борат против „Боко Харем“

Од:

Парламентот на Нигер едногласно одобри испраќање на свои 750 војници во Нигерија, во рамки на регионалните сили за борба против припадниците на нигериската исламистичка група „Боко Харем“, изјави Абдурахман Шегу, парламентарец од редовите на опозицијата.

Претходно припадници на „Боко Харем“ се обиделе да извршат упад во затвор во градот Дифа на југоисток на Нигер, на границата со Нигерија, но нападот успешно бил одбиен.

Инаку пред два дена милитанти од оваа екстремна организација пресретнале автобус на север на Камерун при што грабнале 20 лица од кои 12 ги убиле.

Поради зачестените напади на „Боко Харем“, Чад, Нигер, Нигерија, Камерун и Бенин се договориле да формираат регионални сили за борба против оваа организација.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Воената хунта се закани: Ќе го убиеме соборениот претседател

Бунтовниците во Нигер тврдат: Француската војска ги нападнала припадници на националната гарда

Се собира војска, ќе има војна: 25.000 војници се подготвени

Предраг Петровиќ

Хунтата во Нигер го затвори воздушниот простор поради заканите за воена интервенција

Нигер: Воената хунта побара помош од Вагнер

Сменетиот претседател на Нигер бара помош од Американците: „Ви пишувам како заложник“