Независниот Кенеди ја прекина кампањата, го поддржа Трамп

Од:

Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди денеска изјави дека ја суспендира својата кампања за претседателските избори во САД, но не ја завршува, додавајќи дека го поддржува републиканецот Доналд Трамп на изборите на 5 ноември, пренесе Ројтерс.

„Не ја завршувам својата кампања, само ја суспендирам, не ја завршувам. Моето име ќе остане на гласачкото ливче во повеќето држави“, рече тој на митинг во Аризона.

Кенеди влезе во трката во април 2023 година како предизвикувач на Џозеф Бајден за номинација на Демократската партија, но загуби и одлучи да се кандидира како независен. Во ноември 2023 година, во анкетата на Ројтерс/Ипсос, Кенеди имаше поддршка од 20 отсто од Американците, во трката со Бајден и Трамп.

Во февруари 2024 година, за време на Супер Боул, тој објави изборно видео, во кое го споменува неговиот татко, американскиот сенатор Роберт Ф. Кенеди, и вујкото на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди.

Би можело да ве интересира

Роберт Ф. Кенеди е нов министер за здравство на САД

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Комитетот за финансии на американскиот Сенат ја поддржува номинацијата на Кенеди за министер за здравство

ВИДЕО: Трамп нареди објавување на документите за атентатите на браќата Кенеди и на Мартин Лутер Кинг

Катерина Ѓуровски

Кенеди: Бајден е поголема закана за американската демократија од Доналд Трамп

Горан Наумовски

Роберт Ф. Кенеди Џуниор, избра потенцијален потпретседател