„Независимаја газета“: Русија ќе треба да ги отвори резервите за да ја нахрани војската

Од:

Русија следната година за да ги нахрани и облече своите војници ќе мора да ги отвори своите резерви, пишува весникот „Независимаја газета“.

Според весникот, настојувањата на Кремљ да ја зголеми одбранбената способност на Русија, по се изгледа е во спротивнист со нејзините економски можности.

– Во нацрт-буџетот на земјата за 2014-2016 година се гледа катастрофален недостиг на средства за војската. Предвидените средства се доволни само за првите осум месеци од следната година, додава весникот.

Според официјалниот став на Комисијата за одбрана во Државната дума, нацртот ги намалува трошоците за купување на горивото, што ја поткопува борбената готовност на едниците, пишува весникот. Не се предвидени ниту средства за подготовка на резервисти, мировни операции, купување на станови за воените лица, а нивните хипотекарни кредити ќе се финансираат само со половина сума.

– Предлог-буџетот покажува дека Владата не ги исполнува своите социјални ветувања. Сето тоа не придонесува за зголемување на довербата во Владата, изјави капетанот од прва класа Олег Шведков, лидер на Серускиот синдикат на војниците.

Според ресорната парламентарна комисија, Русија треба да ги зголеми планираните трошоци за одбраната за 30 до 40 отсто, додава весникот.

– Воените трошоци се веќе преголеми за нашата земја, речиси четири отсто од БДП и тоа е премногу, смета од своја страна воениот експерт Владимир Попов.

– Од една страна не сакаме да бидеме милитаризирана држава. Од друга страна исто како во времето на Советскиот сојуз трошиме средства за одбраната, со што ја оштетуваме благостојбата на граѓаните, констатира Попов.

Би можело да ве интересира

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ