Незадоволен телохранител во Уганда го уби министерот кој требало да го штити

Од:

Телохранител го застрела и го уби министерот во владата на Уганда, Чарлс Енгола за време на приватна кавга, соопштија локалните медиуми и војската. Инаку, потврдено е дека телохранителот бил припадник на националната армија. Енгола служеше во владата на претседателот Јовери Мусевени како министер задолжен за труд и беше пензиониран армиски полковник.

Портпаролот на армијата Феликс Кулајигје во кратка изјава рече дека „несреќен инцидент“ довел до убиството на Енгола.

„Ќе ја информираме јавноста за деталите кога заеднички ќе го истражиме ова прашање“, напиша Кулајигје на Твитер.

Пукањето се случило во куќата на Енгола во предградието на Кампала, главниот град на Уганда, пишува Associated Press.

Би можело да ве интересира

Милитантни убија 42 лица во напад на средно училиште во Уганда

Стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку 9 лица загинаа

Претседателот на Уганда го назначи Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа

Персоналот во затворите во Уганда нема да користи мобилни телефони за време на СП во фудбал

Ана Ололовска

Пожар во училиште за слепи во Уганда, загинаа најмалку 11 ученици

Единаесет лица загинаа во пожар во училиште во Уганда

Ана Ололовска