Вчера во 16 часот во СВР Тетово, Н.М. пријавил дека на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, пред угостителски објект, со телесна повреда се здобила К.К. (29) од Тетово.
Имено, поради невремето, К.К. стоела под тенда на угостителскиот објект, која од силниот ветер паднала, нанесувајќи и телесни повреди. Извршен е увид од екипа на СВР Тетово.