Неуспех на белгиските преговори за ЦЕТА договорот, средбата во Брисел нема да се одржи

Од:

Белгиските регионални и федерални власти не постигнаа успех во преговорите за потпишување на трговскиот договор меѓу ЕУ и Канада, јавија локалните медиуми.

Преговорите започнаа во вторникот и продолжија до доцна во ноќта.

Учесниците соопштија за постигнатиот напредок, но не и за окончување на договорот.

Средбата на ЕУ и Канада во Брисел, која беше планирана за денеска, неофицијално е откажана, а синоќа канадските власти соопштија дека премиерот Џастин Трудо останува во Отава.

– Канада е подготвена да го потпише овој важен договор, кога Европа ќе биде подготвена, изјави Алекс Лоренс, портпарол на канадското Министерство за меѓународната трговија.

Премиерот Џастин Трудо се очекуваше да полета синоќа за Брисел, за да стави потпис под договорот за слободна трговија, но неговото патување засега е одложено поради неспособноста на Белгија да постигне компромис меѓу регионите и провинциите.

Би можело да ве интересира

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Трудо поднесе оставка

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Трамп: Многу Канаѓани сакаат нивната земја да стане 51-ва американска држава

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он