Нетанјаху во посета на Прага

Од:

Под строги безбедносни мерки, денеска, во неколкучасовна посета на Прага ќе пристигне израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.

Нетанјаху ќе се сретне со чешкиот премиер Петр Нечас, на кого сака да му заблагодари за чешкото „не“ при гласањето за новиот статус на Палестина во Обединетите нации.

Чешка беше една од деветте земји, кои се спротивставија на признавањето на Палестина како нечленска земја набљудувач во ОН, додека мнозинството членки гласаа за Предлог резолуцијата.

Чешка, која во ЕУ се смета за еден од најблиските сојузници на Израел, претходно образложи дека признавањето на Палестина може да го загрози и одложи обновениот мировен процес.

Нетанјаху е еден од најобезбедуваните политичари во светот и чешката полиција најави максимални подготовки во кои се вклучени и воените и разузнавачките служби.

Минатиот пат, во мај годинава, кога Нетанјаху беше во историска прва посета
на Чешка од страна на претседател на израелска Влада откако е формирана државата Израел, за него се грижеа околу 500 полицајци.

-Ќе биде интересно да видиме дали администрацијата на Нечас ќе ја реализира средбата само како „беспрекорно пријателска“ или ќе ја искористи нашата позиција како многу добар сојузник на Израел и во дискусијата ќе ја вклучи намерата на Нетанјаху да продолжи со изградбата на еврејските населби на Западниот Брег, коментира политикологот Марек Чејка.

-Овој план предизвика критики и од САД и не е исклучено дека Нетанјаху ќе ги почитува токму советите од добри пријатели,  додаде аналитичарот.

Неанјаху, по Прага ќе замине во Германија каде ќе учествува на заедничка седница на германската и израелската Влада.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници