Нетанјаху: Во иранската нуклеарна програма се пуштени 7.000 нови центрифуги

Од:

Иран стави во употреба 7.000 нови центрифуги во својата нуклеарна програма, од кои 1.000 се од нова генерација, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.


Тој дополни дека Иран не ја запре својата нуклеарна програма дури и по претседателските избори, пренесува БТА.


– Иранскиот претседател се обидува пред Западот да се претстави во ново светло, но развојот на нуклеарната програма продолжува. Хасан Рохани не убедува дека нема да отстапи пред никакви закани. Тоа не е точно – единственото нешто што во текот на последните 20 години ги принудуваше Иранците да ја запираат својата нуклеарна програма, се притисокот и отворените закани за воени операции, изјави премиерот на Израел.


На 14 јули, од една американска телевизија, Нетанјаху предупреди дека Израел е подготвен и пред САД да преземе воена интервенција против иранската нуклеарна програма и притоа Рохани го нарече „волк во овчја кожа“.


Иранскиот претседател вети поголема флексибилност во дијалогот со Западот, но неговиот избор нема да доведе до пресврт на иранската политика за прашањата како нуклеарната енергетика и меѓународните односи, коментираат француските медиуми. Според нив, станува збор за теми кои во целост се во компетенции на врховниот верски лидер ајатолахот Али Хамнеи.


Иран не го признава постоењето на Израел, го поддржува палестинското исламистичко движење „Хамас“ и либанското „Хезболах“, кои се борат против еврејската држава.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија