Нетанјаху се откажува од сладолед заради штедење

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека се откажува да ја финансира со пари од даночни обврзници својата мала слабост – конзумирање сладолед, наведува израелскиот весник Једиот Ахронот.

По барање на Нетанјаху, секоја година од буџетот се одвојувале по 10.000 шекели (2.000 вера) за купување сладолед за резиденцијата на премиерот во Ерусалим. Целото 4-члено семејство на премиерот многу сака сладолед, тврди весникот.

Израелските медиуми редовно го критикуваат семејството на премиерот заради недозволено високите трошоци за живот.

Весникот коментира – колку сладоледи може да се купат за 10.000 шекели во годината, и според нивни пресметки семејството на премиерот купува околу 14 килограми сладолед месечно.

Нетанјаху реагираше веднаш и објави дека прекинува со договорот за доставување сладолед бидејќи трошоците за тоа се високи и недозволиви.

Во 2011 година, буџетот на официјалната резиденција на премиерот (чистење, облека и храна) бил 2,46 милиони шекели (над 500.000 евра), објави Једиот ахронот. Минималната плата во Израел е 4.300 шекели (860 евра).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан