Нетанјаху побара од Абас помош за пронаоѓање на киднапираните израелски тинејџери

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му порача на денешната средба на палестинскиот претседател Махмуд Абас дека смета на неговата помош за пронаоѓање на тројцата израелски тинејџери, киднапирани на Западниот Брег во четвртокот, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

– Се надевам дека ќе можам да сметам на вашата помош, за да ги пронајдеме киднапираните тинејџери. Киднаперите дошле од област, контролирана од палестинската автономна власт и се вратиле таму по киднапирањето, изјави израелскиот премиер за време на телефонскиот разговор со Абас.

Ова е првиот директен политички контакт меѓу двајцата лидери од 2012 година досега.

Палестинската Влада веќе објави дека не е одговорна за областите на Западниот Брег, кои се надвор од контрола на палестинските сили за безбедност, а на кои се распоредени десетици израелски населени места.

Тројата тинејџери беа киднапирани во близина на Гуш Ецион, комплекс израелски населби, распоредени меѓу палестинските градови Витлеем и Хеброн.

За да ги пронајдат тинејџерите израелските воени сили ја почнаа најголемата операција на Западниот Брег од крајот на втората интифада во 2005 година.

Нетанјаху одговорноста за киднапирањето ја припишува на радикалното палестинско движење Хамас, кое неодамна склучни спогодба за помирување со Организацијата за ослободување на Палестина, предводена од Абас.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници