Нетанјаху одобри трансфер на пари за палестинската управа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи вечерва да префрли околу 400 милиони шекели (околу 80 милиони евра) на Палестинската управа (ПУ), собрани претходниот месец од такси и даноци за Палестинците, но задржани во знак на одмазда за де факто признавањето на палестинската државност во ОН.

Извори блиски на Нетанјаху рекоа дека тоа е еднократен трансфер на кој премиерот се одлучил поради економските тешкотии со кои се соочува ПУ.

Нетанјаху во понеделникот се сретна во Ерусалим со претставникот на четворката на блискуисточните посредници (ОН, САД, ЕУ и Русија), Тони Блер и разговарал за тоа.

Владините извори врз кои се потпира израелскиот печат, ги отфрлија шпекулациите дека тоа е една од мерките за градење доверба спрема ПУ по неодамнешните израелски избори во обид да се создаде позитивна атмосфера.

Исто така отфрлено е мислењето дека таквиот потег е поврзан со ставот на Нетанјаху да изгради новата владина коалиција во која ќе влезе нова партија на центарот Ješ atid, а која промовира преговори со Палестинците.

Понатамошен трансфер на пари, наводно, ќе се разгледува од месец до месец.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски