Нетанјаху: Нема надеж за мир

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на посетата на Вашингот оцени дека нема надеж за мир со Палестинците и посочи дека очекува продолжение на застојот за преговорите. 
Преговорите за ставање крај на седумдецениските судири меѓу Израел и Палестина, доживеаја неуспех уште во април, кога пропадна последниот обид на САД да посредуваат. 

– Секој договор, или секој аранжман, унилатерален или оној за кој се преговара, мора да обезбеди Израел да ја задржи способноста да се брани сам против заканите, вклучувајќи ги и териториите од кои ќе се повлече, изјави Нетанјаху, потенцирајќи дека тоа е најважна мерка. Тоа е нешто што не гледам дека Палестинците сега го прифаќаат, додаде тој. 

Дванаесет Израелци се убиена од средината на септември во палестинските напади, со убод од нож, а 77 Палестинци се загинати во истиот период, вклучувајќи ги педесетмината кои Израел ги обвини за напад. 

Останатите беа убиени во судирите со израелските безбедносни сили. 

Нетанјаху, исто така рече дека замрзнувањето на ширењето на еврејските населби не помогнало да се обноват мировните преговори, додавајќи дека палестинскиот претседател Махмуд Абас „не дошол на преговарачка маса“.

Меѓународната заедница го осуди ширењето на еврејските населби на окупираните територии, сметајќи го тоа за закана за блискоисточниот мировен процес,бидејќи ја поткопува основата за идната палестинска држава.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации