Нетанјаху: Нема да се повлечеме од Газа додека Хамас не се разоружа

Од:

Израелските војници нема да се повлечат од своите сегашни позиции во Појасот Газа сè додека Хамас не биде целосно разоружан, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим веруваат дека Хамас може целосно да биде разоружан и дека Појасот Газа може да биде демилитаризиран, додавајќи дека „се радува на тоа“, објавува „Тајмс оф Израел“.

„Тие ни испратија нацрт со кој не се согласувавме, па затоа ги испративме нашите одговори“, рече Нетанјаху.

Неименуван израелски функционер претходно изјави дека Израел воопшто нема да се повлече од Појасот Газа и ќе продолжи да дејствува во областа против заканите.

Изјавата на функционерот потврди дека Израел продолжува јавно да се спротивставува на сегашниот план на Мировниот комитет, предводен од американскиот претседател Доналд Трамп, за разоружување на палестинската милитантна група Хамас во Газа.

Во услови на континуиран израелски отпор кон планот, главниот претставник на Мировниот комитет во Газа, Николај Младенов, и високиот советник Арјех Лајтстоун, се сретнаа вчера со Нетанјаху за да извршат притисок врз него да ги запре воените операции во Газа. Комитетот за мир и неименувани американски претставници го изразија своето незадоволство од неподготвеноста на Израел да го спроведе планот, велејќи дека Израел бил целосно информиран за условите на договорот со месеци.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Нетанјаху: „Му честитам на мојот голем пријател Милорад Додик“

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски