Нетанјаху: Нема да има палестинска држава

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва повтори дека нема да има палестинска држава, дури и по цена на нормализирање на односите на Израел со Саудиска Арабија, бидејќи, како што изјави, таквата држава би претставувала „егзистенцијална закана за Израел“.

„Нема да има палестинска држава. Многу е едноставно: таа нема да биде воспоставена“, рече Нетанјаху во интервју за Телеграм каналот Абу Али Експрес.

На прашањето од новинарите што го спречило нормализирањето на односите меѓу Тел Авив и Ријад, Нетанјаху рече дека војната во Појасот Газа го отежнала напредокот во тој процес, но истакна дека условите за нормализација на односите сега можат да се развијат како што војната се смирува, објави „Тајмс оф Израел“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Израелските сили убија Палестинци во окупираниот Западен Брег