Нетанјаху: Израел ќе се одмазди за нападот на Хутите

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им порача на Хутите во Јемен дека Израел „скапо ќе наплати“ за нападот на израелска територија.

„Хутите треба да знаат дека ќе наплатиме скапо за секој обид да ни наштетат“, рече тој на почетокот на состанокот на владата во неделата, пренесува Тајмс оф Израел.

Претходно денеска, јеменската милитантна група Хути ја презеде одговорноста за нападот со балистичка ракета што утрово првпат го погоди централен Израел и се заканија со нови напади.

Сирените за воздушен напад денеска се огласија во Тел Авив и низ централен Израел, а војската соопшти дека проектили земја-земја биле истрелани од правец на Јемен.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел