Нетанјаху: Иран се обиде да го убие мојот син

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју за Канал 14 изјави дека Иран се обидел да убие еден од неговите двајца синови, објавија денес израелските медиуми.

„Иран се обиде да убие еден од моите синови“, рече Нетанјаху, без да даде дополнителни детали, објави „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху додаде дека затоа обезбедувањето што го добиваат неговите синови не е луксуз, бранејќи го договорот постигнат со агенцијата за внатрешна безбедност Шин Бет за да им обезбеди на неговите синови, заедно со неговата сопруга Сара, заштита најмалку пет години, дури и ако ги изгуби претстојните избори.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени