Нетанјаху: Иран и Хезболах водат глобална кампања на терор

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го поздрави бугарскиот извештај, во кој Хезболах се поврзува со смртоносниот бомбашки атентат врз автобус со израелски туристи, пренесоа британските медиуми.

Нетанјаху изјави дека либанската воинствена група и нејзиниот сојузник Иран водат „глобална кампања на терор“.

Бугарската истрага на атентатот од јули 2012 година во бугарскиот црноморски град Бургас е „уште една потврда на она што веќе го знаете – дека Хезболах и неговиот покровител Иран водат глобална кампања на терор на сите континенти. Нападот во Бургас беше напад врз европска земја, против членка на Европската унија. Се надеваме дека Европејците ќе ги направат неопходните заклучоци за вистинската активност на Хезболах“, се наведува во соопштението на израелскиот премиер, цитирано од агенциите.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски